Откако минатиот период го проведе како член на тимот на Тиквеш од Кавадарци, младиот голман Мартин Давков летово ќе се врати во родниот Штип и повторно ќе стане дел од тимот на Брегалница.
Во насока на реновирање на постоечкиот играчки кадар, за сметка на минатогодишните резултати кои не беа посакувани, штипјани прават рез во играчкиот кадар и носат новитети.
Па така, Давков е еден од оние кои ќе се приклучи на Брегалница и ќе конкурира за „единицата“ следната сезона.