Навивачи прекинаа два меча во Франција: На „зелена маса“ се решава промоцијата во Лига 1 и испаѓањето од лигата

580

Последното коло од француската Лига 2 го одбележаа навивачки инвазии на терен на два натпревари. Додека едниот беше привршен до крај, другиот не го дочека финишот, па одлуката за резултатот ќе биде донесена на „зелена маса“.

Натпреварот меѓу Бордо и Родез беше прекинат во 22. минута. Гостите постигнаа гол, а при прославата еден од домашните навивачи влета на теренот и оттурна еден од противничките играчи. Тоа предизвика целосен прекин, судијата и делегатот долго размислуваа и на крајот решија да не го продолжат натпреварот. Одлуката за резултатот на натпреварот ќе биде донесена во понеделник и има две опции: истиот да продолжи од моментот на прекин или да биде регистриран со победа на гостите со службен резултат 3:0.

Доколку Родез го добие мечот на „зелена маса“ и официјално ќе опстане во лигата, а Бордо сигурно нема да оди во Лига 1. Родез моментално има два бода помалку од првиот над линијата, додека Бордо е на минус три во однос на второпласираниот Мец и има пет гола полоша гол-разлика.

Доколку дуелот продолжи, Родез ќе мора да ја зачува предноста за да избегне испаѓање, а Бордо ќе треба да брка победа од пет гола за да се врати во Лига 1. Во спротивно, Мец заедно со првопласираниот Авр ќе биде промовирани во елитата на Франција.

ПретходноРаперот Дрејк уплатил 1 милион долари на победа на Денвер во НБА финалето
СледноКокинакис збесна на судијката на Ролан Гарос: “Сакаш ли да мо*ам по теренот?!“