Машката македонска одбојкарска репрезентација ја оствари втората поведа во Златната лига откако вечерва во Скопје во салата Борис Трајковски ја совлада Хрватска со 3:2 (25-17, 25-22, 22-25, 29-31, 16-14).
Нашиот состав на чело со селекторот Јошко Миленкоски немаше лесна задача, напротив противникот и тоа како не намачи но очигледно дека ваквата победа е послатка и повредна.