Голот на младиот играч на Брајтон Хулио Енцисо, постигнат против Манчестер Сити е прогласен за погодок на сезоната во Премиер лигата.
Парагваецот поточно неговиот гол доби најмногу гласови во комбинираното гласање н навивачите и стручњаците. Голот беше многу важен за неговиот тим, бидејќи бодот што „галебите“ го освоија против шампионот им гарантираше пласман во Лига Европа . Така Брајтон за прв пат во својата историја ќе учествува на меѓународна сцена.
🥁 The results are in…
🇵🇾 Julio Enciso is your 2022/23 @Budweiser x @PremierLeague Goal of the Season winner ⚽️🏆
Paraguayan perfection 🙌🔥 congratulations @julioEnciso33! 👏@OfficialBHAFC | @Albirroja | #YoursToTake pic.twitter.com/ueVutA2DyM
— Budweiser Football (@budfootball) June 4, 2023