Екипата на Бадел 1862 од Скопје е освојувач на шампионската титула во М14 лигата во женска конкуренција. Вечерва, во салата „Бранители 2001“ во Крива Паланка, во финалето на турнирот, кошаркарките на Бадел 1862 беа подобри од штипска Тим Арена со 36-55.
Младите „баделки“ остварија предност уште во првата четвртина од овој финален натпревар. Поведоа со двоцифрена разлика (19:8), која ја задржаа до полувремето, (30:19). Штипјанки пружаа отпор и во третиот дел од играта, но немаа доволно расположени кошаркарки освен Колева и Јорданова, за да направат било каков пресврт.
Панкова со 22. поени беше прв стрелец, зад неа беа Сарафилоска со 14 поени, Димитријевиќ со десет поени.
МВП признанието го понесе Ана Сарафилоска, која имаше два успешни настапи, како во полуфиналето, на средбата против Вардар (победа од 68:51), на која реализираше 28 пени, но и во големото финале, против Тим Арена.
ФИНАЛЕ
ТИМ АРЕНА – БАДЕЛ 1862 36:55
(8-19; 11-11; 11-14; 6-11)
ТИМ АРЕНА: Колева 19, Јорданова 9, А. Иветиќ 2, Милева, Тосева, Илиевска, Здравкова 2, Варадинова, Данилова 4, Трајанова;
БАДЕЛ 1862: Сарафилоска 14, Милосављевиќ 9, Димитријевиќ 10, Тосевска, Сотиров, Младеновска, Панкова 22, Дамевска, Атанасова, Мојсовска;