Шпанците тврдат: Хари Кејн ќе биде замената за Бензема во Реал!?

295

Хари Кејн ќе биде најверојатната замена за Карим Бензема во Реал (М). Напаѓачот на Тотенхем и претходно се поврзуваше со Реал, но откако денеска и официјално „кралскиот клуб“ го потврди заминувањето на првиот голгетер во тимот, новинарот на шпанска „Ла Секста“, Хозе Луис Санчез, тврди дека доаѓањето на Кејн на „Бернабеу“ е скоро готова работа.

Во исто време, тој соопшти дека од негови извори дознал дека Реал Мадрид ја одбил опцијата со Роберто Фирмино, кој си замина од Ливерпул и имаше шанса да го облече дресот на Реал.

ПретходноБез промени на тронот: Вајперс преку ФТЦ до хет-трик во Лигата на шампиони!
СледноМЗТ Скопје со „метла“ за Пелистер за 10-та титула: Машината Војдан ги реши битолчани!