Кога Еден Азар пристигна во Реал Мадрид во 2019 година, падна во „живата кал“ од која четири години се обидува да се извлече. Годините кои ги мина беа исполнети со отсуство од тренинзи, ставањето вишок килограми и доаѓањето на помлади и поамбициозни играчи.
Азар го напушта Мадрид со вкупно седум гола и 12 асистенции на 76 натпревари. Со текот на времето, тој беше само турнат до крајот на клупата и таму мачеше до очекуваната одлука за заминување.
Како што објави Фабрицио Романо, дошло до меѓусебен раскин на договорот меѓу двете страни. За заедничка корист.
Исто така, Белгиецот ќе се откаже од дел од платата што требаше да ја заработи. Со тоа мадриѓани ќе заштеди 7.000.000 евра во нивната каса. Барем финансиски ќе имаат корист.
Каде ќе оди понатаму Азар се уште не е познато.
Real Madrid will save almost €7m after terminating Eden Hazard’s contract on mutual agreement. ⚪️ #RealMadrid
Hazard has given up part of the salary he was due to earn. pic.twitter.com/2CrNaBcjby
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) June 4, 2023