Атанасов: Заслугите за овој успех се буквално на сите во клубот

163

МЗТ Аеродром е шампион на Македонија, а тренерот Васко Атанасов стана најмладиот тренер со шампионски трофеј со 29 години и два месеци. Тој е третиот тренер на МЗТ сезонава по Александар Петровиќ и Драган Николиќ.
Радоста е голема, титулата го потврди нашиот квалитет и е награда за сиот труд вложен на стотиците тренинзи почнувајќи од август. Верувавме во себе, го анализиравме секој противник, поставувавме посебна игра со цел да му ги искористиме слабостите и на крајот дојдовме до целта. Заслугите за овој успех се буквално на сите во клубот, од прв до последен. Имам огромна благодарност за кошаркарите, за трудот и за вербата што ја имаа и за моите соработници од стручниот штаб, секако и за управата без која ништо немаше да биде возможно. Вложивме голем труд и сега заслужено треба да прославиме“, вели Атанасов.

ПретходноВака изгледа второлигашки меч во Аргентина (видео)
СледноМомент за историја: Елмас и другарите со шампионскиот пехар!