Атлетик (Б) потврди: Мартинез си оди, следна дестинација Барселона

244

Тренерот на Атлетик (Б), Ернесто Валверде, потврди дека дефанзивецот Иниго Мартинез ќе го напушти клубот ова лето.

„Засега само Микел Баленсијага најави заминување од клубот, а се шпекулира дека може да има повеќе заминувања, како во случајот со Мартинез“, рече Валверде.

На лето дефанзивецот ќе стане слободен играч, а има намера да направи трансфер во Барселона.

Мартинез (32) е во Атлетик од јануари 2018 година.

ПретходноНа повидок е една од првите „бомба“ трансфери на релација Минхен – Париз!
СледноБензема во среда оди во С. Арабија да потпише 200 милионски договор со Ал Итихад!