И оваа сезона нема промени на тронот во женската Лига на шампиони. Вајперс успеа да дојде до третата титула во низа, откако го совлада Ференцварош со 28-24 (14-13). Херој на старо-новиот првак е 43-годишната голманка Катрине Лунде, која запиша 17 одбрани.
Лидери на Вајперс беа Вјахариева и Андерсен со по шест гола, пет имаше Робертс. На другата страна кај Ференцварош, Емили Белк и Андреа Лекиќ имаа по пет погодоци.
📅 2nd half of the #ehffinal4 final: Kathrine Lunde’s time has come 💥😳#ehfcl @VipersKrSand pic.twitter.com/lUogez5fpm
— EHF Champions League (@ehfcl) June 4, 2023
Ракометарките на Ѓер го освоија третото место на Ф4 турнирот во женската Лигата на шампиони, откако славеа над данскиот Есбјерг со 28-27.
Фото: ЕХФ