Бензема во среда оди во С. Арабија да потпише 200 милионски договор со Ал Итихад!

634

Откако денеска и официјално е потврдено неговото заминување од Реал (М),

Карим Бензема веќе следната недела ќе направи трансфер во Ал Итихад од Саудиска Арабија. Францускиот напаѓач треба да ја продолжи кариерата во една од лигите каде полека завршуваат дел од најголемите европски ѕвезди, почнувајќи од Кристијано Роналдо кој дојде во Ал Наср минатото лето.

Ако се оди според планот, Бензема во среда ќе биде промовиран како нов играч на Ал-Итихад, кој оваа сезона го освои шампионатот на Саудиска Арабија и следната сезона ќе игра во Азиската Лига на шампиони. Предводник на саудискиот првак е Нуно Еспирито Санто.

Ако се точни информациите, Бензема за 2 години во Ал Итихад треба да инкасира 200 милиони евра.

ПретходноАтлетик (Б) потврди: Мартинез си оди, следна дестинација Барселона
СледноИвановски победник на полумаратонот „Охрид трчаТ“