Во Ѓаково, Хрватска, родниот град на трагично починатиот ракометат Денис Тот се одржа првиот меморијален турнир кој годинава го освои нашиот тим Бутел, каде што тој и настапуваше.
Во финалето Бутел играше со екипата на Осиек и забележа победа од 25-23.
Победничкиот пехар, ракометарите на македонскиот тим му го посветија на својот поранешен соиграч и другар, Денис Тот.