Ваљадолид e второлигаш, Осасуна си обезбеди место во Европа

261

Во терминот од 21 часот се одиграа последните пет натпревари од последното, 38 коло во шпанската Ла Лига. Барселона, кој одамна ја прослави шампионската титула е поразена во Виго од тимот на Селта, а поинтересно беше во борбата на дното.
Покрај Елче и Еспањол, во понизок ранг патува и Ваљадолид. Клубот чиј сопственик е бразилскиот Роналдо од идната сезона ќе игра во Сегунда.
Вечерва Ваљадолид немаше среќа одигра без голови со Хетафе и го освои 18. место на табелата. Тоа значеше и опстанок за Хетафе, а притоа Алмерија и Валенсија останаа во прволигашки ранг откако и ремијата со Бетис односно Еспањол им беа доволни.
Ваљадолид заврши со 40 бода на 18 позиција, а Алмерија место погоре со 41 бод, а над неа Валенсија, Хетафе и Кадиз со по 42 бода.
Во ЛШ ќе играат Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Сосиедад но и Севиља како освојувач на овогодишната Лига Европа иако заврши на деветтото место во првенството. Во ЛЕ одат Виљареал и Бетис, а во ЛК тимот на Осасуна.

ПретходноФИНАЛЕН ТУРНИР-М14-ЖЕНИ: Шампионскиот пехар во рацете на пионерките на Бадел 1862!
СледноСерија А: Ќе има „мајсторка“ за опстанок, Рома во последните минути избори ЛЕ