Дамјан Стојановски: Убав крај на сезоната, жалиме за АБА-лига!

93

МЗТ Скопје со „метла“ стигна до десетата јубилејна титула во својата историја. И оваа сезона, старо-новиот првак на сметка на Пелистер ја продолжи својата доминација во македонскиот шампионат, потврди зошто во овој момент е најдобриот тим.

Капитенот на „сино-белите“ Дамјан Стојановски по мечот потенцира дека за оваа средба повеќе биле насочени кон одбраната, која секогаш е клучна на гостински терен. Не криеше дека болката за елиминацијата од АБА-лига се уште постои, но најави нови добри денови.

„Знаевме дека само со добра одбрана можеме да дојде до победа на гостински терен и да ги сопреме добрите играчи на противникот. Го освоивме Купот на Македонија и титулата, жалиме за АБА-лига што испаднавме, имавме мечеви кои не ги ги добивме. Се надевам дека ќе влеземе пак и ќе ја претставивме Македонија во најдобро светло“, рече Дамјан и им порача на македонските клубови да вложуваат во младите кошаркари за иднина на овој спорт. 

ПретходноМВП признанието во рацете на неверојатниот Војдан Стојановски!
СледноВаско Атанасов влезе во историјата на македонската кошарка!