Димитријевиќ го раскина договорот со Валенсија

610

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ и официјално раскина со Валенсија. Шпанскиот клуб денеска потврди дека меѓусебно е прекината соработката која требаше да продолжи и во следните две години. 

Димитријевиќ потпиша за Валенсија во летото 2021 година од Хувентут Бадалона и во сезоната 2021/22 одигра 33 натпревари со дресот на Валенсија со просек од 8,4 поени, 1,5 скок и 3,9 асистенции.

Минатава сезона тој беше позајмен во руски Уникс Казан каде успеа да дојде до титулата. 

„Клубот сака да му се заблагодари на Димитријевиќ за покажаниот труд и професионализам додека го бранеше дресот на Валенсија Баскет и му посакува се најдобро во иднината, како на професионален така и на личен план“, се вели во соопштението.

ПретходноКакви денови беа тоа: Вардар пред шест години за првпат ја покори Европа (ВИДЕО)
СледноМилев: Овој тим има карактер, ќе има голема борба до крајот