Спортмедиа ексклузивно дознава дека македонскиот репрезентативец Бојан Димоски прави трансфер во Русија. Крилниот играч досега беше дел од тимот на Академија Пандев, па со оглед на неговиот сениорски репрезентативен статус, прави и голем трансфер секако за македонски услови. Сумата која што ќе легне на сметката на струмичани е 200.000 евра.
Според нашите сознанија, за ден/два, Димоски и менаџерскиот тим кој го прави трансферот ќе ја реализираат преселбата во Русија во екстра амбициозен клуб, кој има сериозен буџет и кој планира следната сезона да атакува на највисоките места на табелата.
Како што е веќе познато Академија Пандев летово добива нови сопственици, односно го менува и името на тимот, па очигледно дека ова ќе биде првиот потег на новата раководна структура.