Единаесет македонски тенисери во квалификациите, осум директно на фјучрсот во Скопје!

193

Вкупно 63 тенисери ќе играат од утре (недела) во квалификациите на фјучрсот што ќе се игра на терените на ТК Југ во Скопје. Од нив 11 се македонски играчи, кои ќе бидат предводени од искусните Тоислав Јотовски и Стефан Мицов, додека другите се пред се млади тенисери. Дарко Колевски, Борјан Стефановски, Давид Шаврески, Андреј Тасевски, Петар Пројковски, Андреј Саздовски, Марио Тодоровски, Филип Атанасовски и Кихаил Кусески.

Во три меча од првото коло од квалификациите ќе меѓусебе ќе играат македонски тенисери.

Двојки на македонски играчи во првото коло од квалификациите:

Стефан Мицов (2, носител) – Борјан Стефановски / терен број 5

Томислав Јотовски (3) – Павел Гула (Словачка) / терен бр. 5

Дарко Колевски – Идс Ватерболк (Холандија) / терен бр. 5

Андреј Саздовски – Марио Тодоровски / терен бр. 5

Давид Шаврески – Ричард Антони (Германија) / терен бр. 6

Андреј Тасевски – Петар Пројковски / терен бр. 8

Филип Атанасовски – Умберто Мариа Џиованини (Италија) / терен бр.8

Михаил Кусески – Доминик Граф (9, Германија) / терен бр.8

Од квалификациите осум тенисери ќе се пласираат на главниот турнир.

Во рамките на првото коло од квалификациите ќе се играат вкупно 31 меч, а ќе се играат на шест терени. Почетокот на сите мечеви е во 9 часот.

Калин Ивановски кој има најдобар ранг од македонските тенисери ќе ја предводи групата од вкупно осум македонски тенисери кои ќе бидат дел главниот турнир на фјучрсот во Скопје. На оваа бројка секако може да им се приклучи уште некој од нашите тенисери доколку ги мине кавлификациите.

Покрај Ивановски настап на главниот турнирќе имаат: Обрад Марковски, Берк Бугариќ, Горазд Србљак, Амар Хусеиновиќ, Марко Стоилковски, Бесир Дургути и Шендрит Деари.

Главниот турнир и мечевите во игра на двојки стратуваат во вторник.

ПретходноПСЖ се посрамоти на последниот меч со Меси и Рамос (ВИДЕО)
СледноСе беше запишано: Јошко ги имаше Хрватите во рака (ФОТО)