Емоции, емоциии: „Спартанците“ покажаа карактер (ФОТОГАЛЕРИЈА)

350

Македонската машка одбојкарска репрезентација фати ритам. Избраниците на Јошко Миленкоски го запишаа вториот триумф во Европската Златна лига, откако на домашен терен ја совладаа Хрватска со 3-2.

Со оваа победа „црвено-жолтите“ се зацврстија на второто место во групата, а следен противник ќе биде селекцијата на Белгија.

Во „Борис Трајковски“ видовме вистинска битка, во последниот сет, одбојкарите покажаа карактер, испратија порака дека формата е во нагорна линија пред важните мечеви, кои допрва доаѓаат, а тоа е Европското првенство на кое домаќин е Скопје.

ПретходноАзар му прости седум милиони евра на Реал!
СледноОФИЦИЈАЛНО: Бензема го раскина договорот со Реал (М)!