Македонскиот атлетичар на долги патеки, Дарио Ивановски победи на полумаратонот што се одржа денеска низ улиците на Охрид под наслов „Охрид трчаТ“. Ивановски патеката од 21 километар ја мина за 1:11,18 час.
Баклканскиот првак и минатата година триумфираше на истата патека. Втор денеска заврши Албанецот Мамуша, а трет беше Мислими од Македонија.
Во женска конкуренција првото место и припадна на Билшерин Сулејман од Бугарија со време 1.25.01 час. Втора беше Билјана Кираџиева, а трета заврши уште една наша натпреварувачка, Марина Домазетоска.
На седмото издание на „Охрид трчаТ“ учествуваа околу 2000 тркачи од 28 земји.