И Георгиевски поразен во 2. коло на Светското првенство во Баку

222

Носителот на сребрен олимписки медал од ЛОИ во Токио 2020, таеквондистот Дејан Георгиевски, брзо го заврши настапот на Светското првенство во Баку. Денеска во натпревар од 2. коло во категоријата над 87 килограми, нашиот олимпиец беше убедливо поразен од Авганистанецот Амири со 2:0.

Георгиевски беше слободен во првото коло и чекаше противник од квалификациите, но иако во мечот влезе како фаворит, на крајот не успеа да слави и да обезбеди пласман во третата рунда. И тој и нашата репрезентативка Мила Рељиќ ова Светско првенство го завршуваат по само еден настап.

ПретходноМилев: Овој тим има карактер, ќе има голема борба до крајот
СледноНа повидок е една од првите „бомба“ трансфери на релација Минхен – Париз!