Војдан Стојановски е прогласен за најкорисен играч во плеј-оф финалето. Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација беше вистински мотор во редовите на старо-новиот шампион, во текот на целата сезона, но и во финалето беше лидер, клучот за тоа што МЗТ Скопје играше на врвно ниво.
За него ова е второ признание за најкорисен играч во една финална серија во домашниот шампионат, првото го доби во 2011 година како играч на Фени Индустри, а со МЗТ Скопје дојде до втората титула, вкупно трета кога станува збор за мак-првенство.