На повидок е една од првите „бомба“ трансфери на релација Минхен – Париз!

1275

Лукас Ернандез ќе биде една од првите бомби на летото.

Според последните информации, Французинот е многу блиску до ПСЖ, бидејќи Баерн Минхен ја прифатил неговата одлука и желба да го напушти клубот.

ПСЖ е подготвен да плати се што е потребно, бидејќи Серхио Рамос го напушти клубот и неопходни се засилувања во одбраната.

Лукас го загуби местото во тимот оваа сезона, но Баерн ќе биде во големи проблеми со тоа што Бенџамин Павард исто така сака да си замине.

Лукас во Баерн пристигна од Атлетико Мадрид со плаќање на откупна клаузула од 80 милиони евра, а за негова замена се очекува приближна сума да плати и ПСЖ.

Наводно, ПСЖ ќе понуди 60 милиони фиксни со одредени бонуси, кои Баерн ќе ги прифати, бидејќи Французинот веќе ги прифатил неговите услови и договор до 2028 година.

ПретходноИ Георгиевски поразен во 2. коло на Светското првенство во Баку
СледноАтлетик (Б) потврди: Мартинез си оди, следна дестинација Барселона