Свирежи на „Паркот на принцевите“, Меси и Нејмар покажаа што мислат за навивачите на ПСЖ (ВИДЕО)

2536

Фудбалерите на ПСЖ синоќа славеа уште една шампионска титула на Франција. Парижаните во последниот натпревар сезонава беа поразени од Клермон со 3:2, но титулата беше обезбедена одамна, па овој пораз не боли премногу.

Сепак, по овој натпревар се зборува за тоа што направија Лионел Меси и Нејмар, кои решија да не ја почитуваат публиката на крајот од мечот, која пред дуелот испрати свирежи на сметка на Аргентинецот.

По доделувањето на медалите, Меси се фотографираше со остатокот од тимот, а потоа заедно со Нејмар реши да го напушти теренот и да не ги почести навивачите со своето присуство.

Лео отиде во соблекувалната со Нејмар додека остатокот од тимот направи почесен круг за да ги поздрави навивачите. Со овој потег тие им покажаа што мислат за нив.

ПретходноСе беше запишано: Јошко ги имаше Хрватите во рака (ФОТО)
СледноБуцко: Јокиќ кога бил бебе! (ФОТО)