Екипата на Рома се пласира во Лига Европа наредната сезона откако вечерва ја совлада Специја со 2:1 и тоа со гол од пенал во последните моменти од мечот на „Олимпико“. Тоа е меч од последното, 38 коло во најсилната италијанска лига, а Рома не тргна добро затоа што гостите поведоа со голот на Николау.
Сепак, „волчицата“ изедначи со голот на Залевски во 43 минута, а победата ја донесе Дибала од пенал во 89 минута. На пеналот му претходеше прекршок на Николау во сопствениот шеснаесетник.
Па така Рома од позиција за ЛК избори место во ЛЕ.
По новите правила доколку две екипи во борбата за титулата или опстанокот имаат исто бодови ќе се одигра „мајсторка“. Па така Верона и Специја завршија со исто бодови, па тие две екипи ќе играат меѓу себе за опстанок.
Верона вечерва изгуби на гостувањето кај Милан со 3:1 и ги испрати на 18. место со 31 бод исто колку и Специја која исто така загуби (1:2).
На другите мечеви Наполи-Сампдорија 2:0, Аталанта – Монца 5:2, Лече – Болоња 2:3, Удинезе-Јувентус 0:1.
Наполи, Лацио, Интер и Милан ќе играат во ЛШ идната сезона, Аталанта и Рома во ЛЕ, а на Јувентус му припадна местото во ЛК се разбира доколку УЕФА не ги казни па нивното место да го заземе друга екипа.
Лигата ја напуштија Сампдорија и Кремонезе.