Македонија ја оствари и втората победа во Европската Златна лига. По Белгија, нашите одбојкари во СЦ „Борис Трајковски“ ја совладаа и Хрватска со 3-2 и се зацврстија на второто место на табелата во својата група.
Со враќањето на Јошко Миленкоски одбојкарската репрезентација доби посебен сјај, на теренот „црвено-жолтите“ добро знаеја какви потези влечат и што да очекуваат од противникот, кој беше детално анализиран од страна на професорот.
Миленкоски се имаше запишано, ги имаше Хрватите во рака, секако благодарение и на неговите избраници кои од збор од збор пишано го претворија на терен во победа.