ЦСКА Москва ја освои титулата, МВП признанието за Сара Ристовска!

316

ЦСКА Москва за кого настапува македонската репрезентативка, Сара Ристовска го доби третиот дуел против Ростов Дон во финалето на рускиот плеј-оф со 35-29 и ја освои шампионската титулата.

Ристовска и овој пат ја имаше главната улога, мечот го заврши со четири гола, а добрите игри и во претходните две средби на крајот беа доволни за да биде прогласена за МВП.

ЦСКА Москва на овој начин ги обедини титулите, претходно го освои Купот на Русија.

Што се однесува до Ристовска оваа сезона беше лидер на својот тим, а на претходниот меч против Ростов Дон се запиша во историјата на ЦСКА Москва како прв стрелец и ракометарка со најмногу настапи.

ПретходноКомити слават 36. години постоење
СледноМонако го отпушти тренерот