Хари Кејн ќе биде најверојатната замена за Карим Бензема во Реал (М). Напаѓачот на Тотенхем и претходно се поврзуваше со Реал, но откако денеска и официјално „кралскиот клуб“ го потврди заминувањето на првиот голгетер во тимот, новинарот на шпанска „Ла Секста“, Хозе Луис Санчез, тврди дека доаѓањето на Кејн на „Бернабеу“ е скоро готова работа.
Во исто време, тој соопшти дека од негови извори дознал дека Реал Мадрид ја одбил опцијата со Роберто Фирмино, кој си замина од Ливерпул и имаше шанса да го облече дресот на Реал.