Аеродром вечерва нема да спие, фановите на МЗТ Скопје ќе ги чекаат своите шампиони да се вратат од Битола и заедно да ја прослават десетата титула. А до неа „сино-белите“ дојдоа под водство на Васко Атанасов.
Овој млад стратег го прифати предизвикот и застана на челот на МЗТ Скопје и вечерва влече во историја на македонската кошаркар, стана најмладиот македонски тренер кој успеал да освои титула.
Тој до ова остварување дојде на 29 години два месеца. Претходно рекордот му припаѓаше на Емил Рајковиќ, кој на 29 години и 9 месец со Фени Индстри во 2008 година ја освои титулата.
Она што е извесно е дека Атанасов со титулата си „купи“ нов договор со МЗТ Скопје.