Мал прекин во Битола: Домаќинот неподготвен, пешкирот на МЗТ Скопје ја спаси ситуацијата (ВИДЕО)

696

Во овој момент се игра третата финална средба меѓу Пелистер и МЗТ Скопје. Битолчани за првпат се домаќини во битката за титулата, но се чини не се доволно подготвени. Во 16 минута дојде до прекин на мечот, причината беше водениот паркет, а за кој Пелистер немаше решение. На крајот мораше да спасува МЗТ Скопје, Андоновски истрча по пешкир, па проблемот се реши.

По првото полувреме, МЗТ Скопје има минимална предност од 39-41.

ПретходноМонако го отпушти тренерот
СледноБез промени на тронот: Вајперс преку ФТЦ до хет-трик во Лигата на шампиони!