Наполи и Елмас со победа ја завршија шампионската сезона

132

Фудбалерите на Наполи со триумф над Сампдорија од 2:0 ја заверија шампионската титула во Серија А. Во 38 коло на стадионот „Диего Армандо Марадона“ Наполи беше крунисан за нов првак на Италија, а македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер во последниот меч од сезоната.
Виктор Осимен од пенал го доведе Наполи во водство, а точка стави Џовани Симеоне со убав гол во 85 минута.
По погодокот Симеоне зема дрес на Марадона и предизвика овации на трибините.
Наполи заврши со 90 бодови, а Осимен заврши како прв стрелец со 26 гола.

ПретходноАеродром слави, Муцунски со шампионско селфи (ФОТО)
СледноВака изгледа второлигашки меч во Аргентина (видео)