Пехарот доаѓа во Битола, но причината е МЗТ Скопје!

376

Дали финалната серија ќе заврши денеска или пак ќе продолжена за уште неколку денови, одговорот ќе го даде МЗТ Скопје. Во Битола ќе патува пехарот, победа за „сино-белите“ против Пелистер ќе значи освојување на десетата шампионска титулата.

Актуелниот македонски првак на првите две финални пресметки покажа зошто во моментов е најдобриот тим во домашниот шампионат. Избраниците на Васко Атанасов максимално ја искористија хаотичната и индивидуална игра на противникот.

Битолчани нешто подобра игра до сега покажаа во последната четвртина на вториот дуел во Скопје, но во финишот паднаа и не ја искористија шансата да направат брејк, веднаш следеше казна.

МЗТ Скопје го има главното оружје за освојување на титулата, а тоа се браќата Војдан и Дамјан Стојановски. Двајцата во вистински момент го даваа победничкиот импулс кој на тимот од Аеродром му беше потребен за да се „скрши“ противникот многу порано во мечот.

На другата страна доколку Пелистер навистина сака оваа серија да трае подолго од три меча, денеска (18:30 часот) пред своите навивачи треба да покаже нешто повеќе од она во Скопје, со спротивно ќе мора да се задоволи со титулата – македонски вицепрвак, која ја имаше и по ланското финале.

Според системот на натпреварување, ако Пелистер победи денеска и следната средба ќе се игра во Битола, додека пак евентуалната „мајсторка“ ќе се игра во Скопје.

ПретходноПаника во Мадрид: Перез со нова интересна понуда за Бензема!
СледноАзар му прости седум милиони евра на Реал!