Трагичен настан се случи на стадионот Монументал на аргентинскиот фудбалски гигант Ривер Плата. Еден навивач го загуби животот, откако паднал од горниот ред на трибината на стадионот и починал на лице место.
Судијата Фернандо Рапалини веднaш го прекинал мечот меѓу Ривер Плата и Дефенса и Јустиција, а потоа ги испратил фудбалерите во соблекувалните, дуелот не се доиграл, „Монументал“ беше затворен на 24 часа додека трае истрагата како се случил трагичниот чин.
👉 Fernando Rapallini, árbitro del encuentro suspendido entre River y Defensa, habló tras la tragedia en el Monumental: “Los organismos de seguridad me pidieron que pare el partido”. pic.twitter.com/KNAeH4ZVHC
— TyC Sports (@TyCSports) June 3, 2023
„Комитетот за безбедност на Ривер Плата со тага ве известуваат дека на натпреварот против Дефенсе и Јустиција, навивач паднал од трибината и починал на самото место. На падот не му претходел контакт со друго лице. Утврдено е дека немаше луѓе на и околу трибините насилство. Трибините беа евакуирани по 30 минути“, извести Ривер Плата.