Шкупи од утре во Охрид: Арслан приклучи и неколку младинци во првиот тим

881

Тимот на Шкупи денеска го одржа последниот тренинг во Скопје, пред утрешната преселба на тренинг кампот во Охрид. Тренерот Џихат Арслан за клупскиот сајт ги споделис воите размислувања за овој дел од подготовките.

„Најпрво сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери кои си заминаа од нашиот клуб, знаете дека нивниот број се искачи на девет, а тоа донесе промена во нашиот тим. Сега целта ни е да се подготвиме за европските натпреварувања, затоа и почнавме многу порано со подготвителната фаза. Со оглед на заминувањето на девет фудбалери, наша цел е да донесеме адекватни замени за нив. Нашата цел е да добиеме што повеќе млади фудбалери, дури и од нашите фудбалски школи, бидејќи верувам дека имаме добри млади фудбалери. Во Охрид ќе земеме седум до осум младинци од нашите фудбалски школи“, вели Арслан.

Шкупи во Охрид ќе остане до 12 јуни, а потоа ќе се врати во Скопје каде ќе има уште два тренинга, додека од 16 до 30 јуни ќе замине на подготовки во Болу, Турција каде ќе одигра неколку контролни натпревари пред мечевите од квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

ПретходноИвановски победник на полумаратонот „Охрид трчаТ“
СледноБутел победи на првиот меморијален турнир „Денис Тот“