Како што пренесуваат валидните медиуми, а особено трансфер експертите како Фабрицио Романо, Карим Бензема веќе денеска станува член на тимот на Ал Итихад, откако ги потпишал главниот дел од документите потребни за трансфер.
Како што и претходно е објавено, договорот на Бензема ќе биде валиден до 2025 година со можнност истиот да се продолжи секако. Годишните примања на французинот се проценети на 200 милиони евра.
Конечно, Карим Бензема и официјално ќе се збогува со навивачите и воопшто клубот Реал Мадрид на официјална прес конференција која што ќе се одржи утре.