Ливерпул го заврши трансферот на Мек Алистер

496

Тимот на Ливерпул полека но сигурно го завршува првото сериозно засилување летово. Го доведува ергентинецот Алексис Мек Алистер во трансфер кој што ќе го обврзе овој играч да биде дел од тимот од Енфилд до 2028 година.

Како што јавуваат информациите Ливерпул се согласил на трансфер но за далеку помала сума од оние 60 милиони фунти кои Брајтон, досегашниот клуб на Мек Алистер ги бараше како откупна клаузула.

Во следните 24 часа би требало играчот веќе да пристигне во Ливерпул и да ги направи потребните медицински тестови. Потоа секако би следувала и официјалната промоција.

ПретходноПо пет години Мина замина од Евертон и се сели во Турција
СледноЛирија на Реџепи е нов прволигаш во Косово