По вчерашниот одигран бараж меч за влез/испаѓање од првата лига на Косово, но член на елитната дивизија кај нашиот сосед е тимот на Лирија чиј што тренер е Џенгис Реџепи.
Лирија во бараж дуелот беше подобра од тимот на Феризај, по подоброто изведување на пеналите, откако мечот во регуларниот дел заврши 0:0.
Со ова, тимот на Лирија го остварува најголемиот успех во последната декада, особено ако се знае дека неколку сезони по ред клубот се обидува да стигне до највисок ранг. Сега, тоа конечно му појде од рака по раководната палка на Реџепи и неговиот помошник Шабан Сулиман.