Откриена понудата на Реал, Кејн прифатил, Леви ќе бара повеќе!

4008

За наследник на Карим Бензема е избран Хари Кејн, но преговорите нема да бидат лесни.

Според последните информации, Кејн нема да биде проблем и со задоволство ќе ја прифати понудата што ја има на маса, а тоа е договор на три години и 11 милиони евра по сезона.

Кејн е на прагот да наполни 30 години, а Реал во моментов го нуди договор за три сезони, секако со опција за продолжување.

Евидентно е дека многу поголем проблем ќе биде понудата што Реал ја подготвува за Тотенхем, а првичната е – 80 милиони евра.

Очигледно е дека Флорентино Перез сака да го почувствува пулсот тука, бидејќи на крајот на краиштата, Кејн влегува во последната година од договорот и е свесен дека Даниел Леви не може да ги држи сите конци. Покрај тоа, играчот исто така сака да си замине, што ќе му ги олесни преговорите на Реал.

Се очекува Кејн да ја прифати понудата и условите на Реал, но дека преговорите со Тотенхем ќе бидат доста тензични и дека допрва ќе треба да се префрли цифрата од 100 милиони евра.

ПретходноЛуда завршница на дербито меѓу Фенербахче и Ефес, Итудис збесна! (видео)
СледноТензично во Милан: Малдини и Масара добиле откази