ПСЖ со 60 милиони евра ја доби битката за Угарте

186

Пари Сен Жермен ја доби битката за потписот на играчот од средниот ред на Спортинг Лисабон, Мануел Угарте, пишува францускиот весник „Л’Екип“.

Уругвајскиот играч за врска беше блиску до потпис со Челзи, но на крајот тој го избра ПСЖ како следен клуб во кариерата.

Доцна синоќа стана јасно дека „сините“ од Лондон се повлекуваат од преговорите, иако не беше наведена причина. 22-годишниот Угарте се очекува да потпише за ПСЖ уште денеска, а францускиот клуб ќе плати околу 60 милиони евра за неговите права.

ПретходноТурскиот стратег Дабан ќе го води Гостивар и во ПМФЛ
СледноСО СРЕЌНОТО ТРКАЛО ВО „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk КОМПЛЕТИРАНО Е И ВТОРОТО КОЛО