Борусија Дортмунд останува цврста во својот став кон Џуд Белингем и според „Кикер“, нема да попушти пред бараната сума од 120 милиони евра за англискиот репрезентативец. Спортскиот директор Себастијан Кел делува како тежок преговарач, кој нема намера да попушти пред обидите на Реал (М) да издејствува помала сума.
Реал Мадрид останува во пол-позиција за потпишување на Белингем (19) и како што беше објавено минатата недела, договорот би можел да биде финализиран веднаш, само ако „кралскиот клуб“ ја уплати бараната сума во касата на „милионерите“. Реал наводно, веќе ги договорил личните услови со Белингем, кој се очекува да потпише договор до 2029 година, но допрва треба да се договори со Дортмунд за основната такса и бонусите.