Ивановски четвртти носител на фјучерсот во Скопје, Јотовски против Србљак во првото коло!

260

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски со својот ранг ја доби улогата да биде носител број 4 на фјучерсот што се игра во Скопје. Тој за противник во првото коло го доби Тибо Колсон од Белгија (22 години, 579.место на АТП листата). Колсон според податоците преферира да игра на тврда подлога (хард) и оваа година има 1/2 финале во Трнава и две 1/4 финалиња во Монтреал и Гренобл.

Од другите македонски тенисери Шендрит Деари ќе игра против Мирза Башиќ од Босна и Херцеговина (31 год, 584.место) кој најдобар ранг имаше на 19.февруари 2018 г. кога беше рангиран на 74место.

Интересен меч во првото коло ќе биде и дуелот меѓу македонските тенисери Томислав Јотовски и Горазд Србљак.

Другите македонски тенисери (Берк Бугариќ, Обрад Марковски, Марко Стоилковски, Бесир Дургути, Амар Хусеиновиќ) своите противници ќе ги добијат по заврпувањето на квалификациите.

ПретходноШкендија го промовираше Адријан Нухиу!
СледноСрпските клубови ќе и пресудат на АБА-лига!