Крај на една блескава кариера: Ибра со солзи и овации испратен во пензија (ВИДЕО)

244

Легендарниот шведски фудбалер Златан Ибрахимовиќ објави крај на кариерата! По одлуката да не го продолжи договорот со Милан, тој синоќа објави дека става точка на својата блескава кариера.

Својата одлука ја соопшти со солзи на лицето, а навивачите на „росонерите“ му приредија спектакуларно збогување на мечот од последното коло во Серија А со Верона.

Додека тие аплаудираа и го скандираа неговото име, Ибра им се поклони и ја покажа сета љубов кон клубот и фановите. Ибрахимовиќ има 41 година и не играше во Милан оваа сезона, но со голот против Удинезе стана најдобар стрелец во историјата на Серија А.

Кариерата ја започна во 1999 година во Малме, а потоа играше за Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси, пред да се врати на „Сан Сиро“ во 2020 година.

ПретходноМајами направи брејк: Ни 41 поен на Јокиќ не беа доволни за втора победа на Денвер
СледноАлегри: Не размислувам за заминување од Јувентус