Мајами направи брејк: Ни 41 поен на Јокиќ не беа доволни за втора победа на Денвер

411

Кошаркарите на Мајами израмнија на 1:1 во финалето на НБА лигата, откако синоќа го совладаа Денвер со 111:108 на гостински терен. Победникот во своите редови го имаше одлично расположениот Гејб Винсент со 23 поени, а одлично издание имаа и Џими Батлер и Бам Адебајо со по 21 поен.

Во редовите на Денвер повторно најдобар беше српскиот центар Никола Јокиќ, кој мечот го заврши со 41 поен, 11 скока и четири асистенции, но остатокот од тимот не го следеше. Џамал ​​Мареј постигна само 18 поени со десет скока, а а Арон Гордон додаде 12.

Ова беше прв пораз за Денвер на домашен терен од 30 март и прв пораз во десет домашни натпревари во плеј-офот. Серијата сега се сели во Мајами, со натпреварот бр. 3 во ноќта меѓу среда и четврток.

ПретходноСари: Потешко е да се заврши втор со Лацио отколку со Јувентус да се освои ЛЕ
СледноКрај на една блескава кариера: Ибра со солзи и овации испратен во пензија (ВИДЕО)