Талентираниот дански тенисер Холгер Руне во исцрпувачки меч славеше победа против Франциско Черундоло со 3:2 во сетови и се пласираше во четвртфиналето на Ролан Гарос. Руне Го доби мечот со 7:6, 3:6, 6:4, 1:6 и 7:6. Во решавачкиот сет славеше со 10:7 во тај брејкот и четири часа игра.
Во четвртфиналето ќе гледаме скандинавски дуел. Руне ќе се соочи со норвешкиот тениски ас Каспер Руд. Тоа ќе биде реприза од четвртфиналето во 2022 година.
Руд славеше со 3:0 против чилеанскиот тенисер Николас Јари.
Во женска конкуренција четвртфиналисти се Жабер, Хадад Маја, Гауф и Швјонтек.
Швјонтек се пласира во следната фаза поради тоа што нејзината ривалка Цуренко го предаде мечот.