Тами Абрахам ги скина лигаментите

267

Проблем за тимот на Рома. На последниот дуел од Серија А сезоната, напаѓачот Тами Абрахам заработи повреда и излезе од игра. Подоцнежните прегледи покажаа дека се работи за најлошото, односно дека тој ги има скинато предните вкрстени лигаменти.

Па така, се проценува дека со правилна рехабилитација и опоравок, Абрахам би требало да биде фит дури за пролетниот дел од следната сезона.

Тешката повреда на Тами Абрахам секако е голем удар за Рома, бидејќи клубот најверојатно ќе мора да бара нов центарфор во летниот преоден рок.

ПретходноНаправен е список од 10 фудбалски имиња кои се „мета“ на клубовите во С.Арабија!
СледноДенеска започна продажбата на билетите дуелот меѓу Македонија и Украина!