Според неколку извори од Италија, Паоло Малдини и Рики Масара одлучиле да го напуштат Милан поради караница со сопственикот Гери Кардинале. Состанокот со првиот човек на кој се разговарало за стратегијата за идната сезона поминал лошо.
Според „Калчомеркато“, Малдини го напуштил состанокот со порака дека дава отказ, а неговиот чекор ќе го следи и неговата десна рака Масара. Сепак, неколку минути подоцна од Италија стигна нова информација дека всушност од Милан им врачиле откази на Малдини и на Масара.
Тоа значи и тотална трансформација во клубот во текот на летото, а Масара и Малдини беа задолжени за трансферите и преговорите со фудбалерите за новите договори.
Се шушка дека Игли Таре би можел да го замени Малдини во Милан. Албанецот не го продолжи договорот како спортски директор на Лацио.
Еден од шефовите на Милан, Џорџо Фурлани ќе има поголема контрола врз клубот, нешто што не му се допаднало на Малдини и неговиот помошник.