Франк де Бур по две години се враќа на работа, потпиша за клуб од ОАЕ

145

Холандскиот тренер Франк де Бур се врати на клупскиот фудбал со тоа што потпиша договор со Ал Џезира од Обединетите Арапски Емирати. Франк две години беше без работа откако ја напушти холандската репрезентација во јуни 2021 година, а претходно раб отеше во Атланта од САД, Кристал Палас, Интер и Ајакс.

Де Бур потпиша двегодишен договор кој почнува од 1 јули.

Ал Џезира е петти во шампионатот на ОАЕ, а инаку двоен шампион на својата држава.

 

 

ПретходноБорусија Дортмунд се пофали со нов фудбалер
СледноЛуда завршница на дербито меѓу Фенербахче и Ефес, Итудис збесна! (видео)