Искусниот дефанзивец Џелил Абдула е нов член на тимот на Гостивар. Новиот прволигаш летово е многу активен на трансфер пазарот, и сака што повеќе да се засили за својата нова ПМФЛ сезона, па во таа насока е и трансферот на некогашниот младински репрезентативец на Македонија.
Абдула досега беше дел од тимот на Шкупи, а има настапувано и за Ренова, Шкендија, како и на интернационално ниво, во албански Лапи, а своевремено беше и во Холандија како дел од тимот на Де Графшап, како и во Германија во тимот на Дуизбург.
Абдула треба да биде промовиран како нов член на Гостивар во следните денови.