Академијата на полскиот одбојкарски гигант гостин на нашиот шампион

95

Полската Академија за одбојкарски таленти во рамките на еден од најпопуларните европски одбојкарски клубови, Јастржебски Вегиел изминатата недела беше во посета на македонскиот одбојкарски шампион, Струмица Никоб во Струмица.

„По нашата посета во Полска и склучениот Меморандум за соработка и поддршка од полскиот гигант Јастржебски, сега одбојкарските таленти од Полска престојуваа во Струмица. Како што беше предвидено и во меморандумот, посетата вклучува програма за работа со млади категории, размена на тренери, искуства и супервизија. Ова е историски момент за одбојката во Струмица, но и Македонија“, велат од нашиот шампион.

Двата клуба ќе работат на размена на играчи, организирање на тренинг кампови и споделување на искуства во однос на тренинзите.  Во декември оваа година е договорена повторна наша посета на Струмица на полската академија со младинска екипа каде ќе се организира камп заедно со тренери и младинци од полскиот клуб.

„Можна е посета и на нашата сениорска екипа како дел од подготовките за наредната натпреварувачка сезона каде што повторно ќе настапуваме во Лигата на шампионите“, дополнуваат од струмичкиот состав.

ПретходноНено има шест понуди на маса: Два европски шампиони тргнаа по Димитријевиќ
СледноИ Лапорта веќе не верува дека може да го врати Меси во Барселона