Алегри: Не размислувам за заминување од Јувентус

73

Масимилијано Алегри не планира да го напушти Јувентус. Ова го изјави 55-годишниот тренер по последниот натпревар сезонава против Удинезе.

„Не сум во процес на преговори за раскин на договорот. Беше тешка, но и убава година. Само сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои работеа со мене во тренинг центарот. Отсекогаш сум се чувствувал заштитен. Клубот е блиску до мене. Сега сезоната заврши и сите сме уморни“, вели Алегри.

Јувентус заврши на седмото место во Серија А, откако на клубот неодамна му беа одземени десет бода во случајот со двојно сметководство. Седмото место ќе му овозможи на Јуве настап во Конференциската лига.

ПретходноКрај на една блескава кариера: Ибра со солзи и овации испратен во пензија (ВИДЕО)
СледноПингпонгарите на Младост 96 се нови шампиони на Македонија