Прилеп денеска официјализираше ново продолжување на соработката со голманот Иван Ангелески. Новиот договор кој го потпишаа двете страни е на две години.
„Изминатата сезона беше една од најуспешните сезони во неговата кариера и очекуваме уште подобри резултати во иднина“, порачаа од таборот на Прилеп за Ангелески.
Пред пет дена раководството на клубот го ангажираше пикерот Томче Трајчевски.